Јавноста на нозе, лавина од коментари на социјалните медиуми деновиве по случувањата со убиството на ракоменарот oткако на интернет се појави снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, во кој животот го загуби хрватскиот ракометар Денис Тот.
Трагичниот настан предизвика јавноста да се подели со своите ставови и одговорност да бараат на различни адреси.


Денес на социјалните мрежи се појави фб-статус во кој одговорност се бара на дискотеките, дрогата и лошите животни навики.
Сосема е очекувано сите тие алкохоли, кокаини измешани со мишомори и креда, сите тие Диазепами, Хелекси џвакнати ко бонбони, сите тие лажирани Инстаграми, уонаби јаки фаци, жени од султана напеви и лоши животни навики, избори и модели да резултираат со апатија, агресија и смрт.
Замисли вакво нешто да се деси со смути после џогинг, или чај после посета на Филхармонија..Немогуче… И да, мафнете ги дискотеките од Парк! Под систем хитно! – се вели во фб статус.
Редакцијата на powerinfo.mk ги информира своите читатели дека се оградуваме од текстуалниот коментар со кој е придружени фотографиите на корисниците на твитер.
