HomeАктуелноНема договор меѓу СОНК и Владата, штрајкот продолжува

Нема договор меѓу СОНК и Владата, штрајкот продолжува

Пропаднаа преговорите меѓу Образование и СОНК. Синдикатот не добил никаква понуда за зголемување на платите, па генералниот штајкт во училиштата и градинките ќе продолжи. Првиот човек на СОНК вели, за време на преговорите најмногу се зборувало за тоа како и кога ќе продолжи наставата и како ќе се надополнат изгубените часови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот подвлече дека ќе има зголемување на платите, дека се прават максимални напори од другите Министерства на ниво на Влада, да се пренасочат средства. Практично, неговото уверување беше дека ќе има, меѓутоа, ниту самиот не знае колку ќе има, и затоа ниту тој самиот не сакаше да шпекулира, ниту ние практично не знаеме за колку средства се работи, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од МОН велат, подготвени се да го продолжат дијалогот, но без условувања и нереални барања. Министерот Шаќири на состанокот рекол дека покачување на платите ќе има, но најголем приоритет треба да биде враќање на учениците во училишните клупи. Сепак, Шаќири предупредува дека продолжувањето на штрајкот ќе значи и продолжување на учебната година.

Ситуацијата би предизвикала и пролонгирање на сите претходно утврдени рокови за полагање на училишна матура, за уписи во средни училишта, но и во високообразовните установи во земјата и во странство. Исто така, неработењето на училиштата го оневозможува правото на околу 500 наставници да полагаат стручен испит како основа за понатамошно вработување на неопределено работно време, истакнал Шаќири на состанокот.

И за надоместување на изгубените часови Синдикатот и Министерството се на различна линија со оглед на тоа што Неделков вели дека тие може да се надоместат во рамки на работните денови со забрзано поминување на програмата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.