HomeАктуелноВест што ќе згрее сечие срце за Бадник: Мајка роди тројка, две братчиња и една сестричка

Вест што ќе згрее сечие срце за Бадник: Мајка роди тројка, две братчиња и една сестричка

ЗА БАДНИК – МАЈКА РОДИ ТРОЈКА: Две братчиња и сестричка родени во Болница Плодност. Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.
Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент, стои во објавата на болницата Плодност која е позната по вакви успешни приказни.
Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот, вели прим. д-р Таше Трпчевски. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом! – се додава во објавата.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.