HomeАктуелноСДСМ: Мицкоски да си даде оставка, неговата тишина за Црната листа на САД кажува се

СДСМ: Мицкоски да си даде оставка, неговата тишина за Црната листа на САД кажува се

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со денови молчат за тоа што нивниот почесен претседател и шеф и криминалец во бегство Никола Груевски се најде на Црната листа на САД.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Особено што Мицкоски му бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Немаат намера да се извинат, да побараат одговорност, а камоли да понудат оставки.
Новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија.
Дали сомнителниот молк на Мицкоски е токму поради оваа фирма на Груевски?
Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека се наоѓа во близина на Будимпешта?
Дали стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па со молчење го брани својот шеф?
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа се уште е истата криминална и режимска партија која 11 години државата ја држеше во заложништво.
По сите признанија, по сите судски пресуди, Мицкоски треба да си даде оставка и никогаш повеќе да не се бави со политика.
СДСМ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.