HomeАктуелноХуманост која душа грее, маалска пекара во Охрид со емпатија на дело

Хуманост која душа грее, маалска пекара во Охрид со емпатија на дело

Животот е постојана борба, макотрпен пат за кој не можеме ни да замислиме со што ќе се соочиме и какви проблеми и препреки ќе „никнат” пред нас.
Во услови во општествено живеење, опкружени со луѓе кој ги сакаме и нè сакаат, водени со надеж и соништа за подобро утре, секоја препрека, секој проблем може многу полесно да биде решен, токму затоа не веруваме дека постои човек што би кажал нешто против хуманоста.
Со хуманоста се гледа големината на еден човек, особено во вакви тешки и кризни времиња.
Денес наидовме на хуманост која што срце ќе ви згрее каде веќе некој период, во населба Воска во Охрид, маалската пекара ,,Софра” дели бесплатно леб  на сите оние кои имаат потреба, понекогаш доволно е да со малку добрина, емпатија и хуманост  да се направи многу среќа.
Во овие тешки времиња на голема криза има хумани луѓе кои имаат емпатија и на дело ја покажуваат истата.Веќе некој период, во мојата мултиетничка населба ,,Воска”, – Охрид, маалската пекара ,,Софра” дели леб бесплатно на сите оние кои имаат потреба. Секоја чест за хуманиот гест! –  пишува на фб Ариф Калгури, жител на мултиетничката населба Воска.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.