HomeАктуелноПриведено лице затоа што управувало возило под дејство на алкохол

Приведено лице затоа што управувало возило под дејство на алкохол

На 05.04.2025 во 01 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.М.(27) од с.Тодоровци, Македонска Каменица. При извршена контрола на патничко возило „даеву матиз” со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал пријавениот, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициската станица Делчево. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.