HomeАктуелноМакедонската православна црква го празнува Преподобен Иларион Исповедник

Македонската православна црква го празнува Преподобен Иларион Исповедник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28-ми март, денот кој се слави во чест на Преподобен Иларион Исповедник.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Преподобен Иларион беше игумен на манастирот Пеликит, во близина на Хелеспонт. Прославен со дарот да исцелува и да чудотвори, свети Иларион заедно со своите 40 монаси беше прогонет во времето на иконоборечкиот цар Лас Ерменецот во еден затвор, во близина на Ефес.

Таму го заврши својот живот во 754 година.

Тропар

Црквата земна тебе, Иларионе, слава ти воздава, и сите ги просиме твоите молитви пред Господа нашиот Спасител, Кого ти, исповедниче, пред вселената Го прослави. Трудот твој благодатен венец исплете и мачеништво исповедничко за Иконата Христова поднесе, но радоста е преголема за оние кои одмор сега имаат во Господа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.