HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа: Три лица загинаа, шест повредени

Тешка сообраќајна несреќа: Три лица загинаа, шест повредени

Судир меѓу три возила го блокираше патот Кичево – Гостивар.

Три лица го загубија животот вечерва во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 20:55 часот на патниот правец Кичево–Гостивар, во близина на селото Трапчин Дол. Според информациите од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, во несреќата учествувале три возила.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Шестмина повредени патници се префрлени во болницата во Кичево, од каде дел од нив се пренесуваат на скопските клиники поради сериозноста на повредите. Медицинските екипи интервенирале веднаш по пријавата, а состојбата на повредените сè уште не е официјално соопштена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.