HomeАктуелноПоради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала

Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од ооставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот, информира ЦУК.

Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата.

Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.

 

фото: архива

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.