Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден си Дамјан, дај смени…’”, вели дечкото кој направи мурал кој ќе нè потсетува на ликот и делото на Андреј. Нашата блескава музичка ѕвезда која прерано згасна..
Дамјан е сопственик на локалот „Шо има?“ во Скопје, каде сега осамна мурал посветен на трагично и прерано загинатиот Андреј од ДНК.
Муралот го сподели и сопругата на Андреј, Наталија.
Инаку, на муралот нацртан е неговиот лик и напишани се дел од стиховите од песната на ДНК „Круг“.
Оваа песна всушност му била омилена на Дамјан.


