Соопштението од манастирот во Рајчица во врска со чествувањето на Свети Георгиј Победоносец го пренесуваме со целост:
Ве известуваме дека на 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).
Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред повеќе од една деценија беше обновена и збогатена со присуството на чесните мошти на Свети Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец, стои во соопштението.

