На 13.05.2025 во 20.00 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од полициското одделение во селото Велешта, од слобода го лишија М.Р.(56) од Октиси, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал членови на неговото семејство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.05.2025 во 22.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа албанскиот државјанин Р.Л.(28), кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување на улицата „Партизанска”, а потоа и кон вработени во Медицинскиот центар во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(47) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници ката пронајдоа и одзедоа марихуана и семки од растението канабис.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик. На 12.05.2025 во 20.30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди. Основниот суд во Кичево донесе решение за отстранување на сторителите од домот во период од 30 денови.
