По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Охрид ќе дефилира низ охридските улици со противпожарни возила, користејќи звучна и светлосна сигнализација. Дефилето ќе започне во 11:00 часот.
Во 11:30 часот е предвидена презентација на противпожарната опрема. Настанот е од отворен тип – информираат од ТППЕ-Охрид.
