HomeАктуелноМакедонските Темплари со уште една хуманитарна акција во Охрид

Македонските Темплари со уште една хуманитарна акција во Охрид

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 18 до 24 април 2022 година под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

 

Цел е подигнување на нивото на свест на населението за потребна помош и поддршка на ранливото население, за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, додаваат од Црвен Крст Охрид.

Денес први кои одговорија со своите капацитети е Невладината организација – Темпларски ред, Велик Приорат Македонија,  Командеријата Св.Наум Охридски,  со 30 хуманитарни пакети со некои основни прехрамбени продукти, како мал придонес за обележување на големиот Христијански Празник – Воскресение Христово или Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Пакетите се наменети за социјално загрозени фамилии, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, невладината организација Македонски Темплари и понатаму продолжуваат со нивното учество во хуманитарни акции од овој тип и соработката со Црвениот Крст во Охрид, велат од таму.

Од организацијата изјаснија дека ќе продолжат со вакви хуманитарни акции, бидејќи големината на луѓето се мери со големината на делата кој ќе ги направи во својот живот и вистинската среќа доаѓа кога ја покажуваме љубовта и грижата кон оние на кој тоа им е најпотребно, бидејќи хуманоста, добрината и емпатијата се навистина многу значајни особено во едни вакви тешки и кризни времиња.

Инаку, Темпларски ред, Велик Приорат Македонија е меѓународна организација која за прв пат започнува да делува во Македонија, додека охридскот регион скоро и никогаш не бил застапен.

И по 903 години од основањето на Редот, можеме да слушнеме за нив и нивното делување.

 

 

Подготвил: Е.Р

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.