HomeАктуелноБРАВО! ГОРДО СЕ ВЕЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Охридските и струшките таеквондисти со 4 златни, 10 сребрени и 9 бронзени медали се враќаат од турнирот „Гран При Зворник 2025“ во БиХ

БРАВО! ГОРДО СЕ ВЕЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Охридските и струшките таеквондисти со 4 златни, 10 сребрени и 9 бронзени медали се враќаат од турнирот „Гран При Зворник 2025“ во БиХ

Охридските и струшките таеквондисти од клубовите „Хва Ранг Итф“ од Лескоец и „Сонкал“ од Мислешево постигнаа забележителен успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар „Гран При Зворник 2025“ во БиХ, од каде се враќаат со 4 златни, 10 сребрени и 9 бронзени медали, како и со пехар за најдобра кадетка Миа Танеска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона. На овoј натпревар силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји од Република Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Молдавија, Италија, Словенија, Хрватска, Унгарија и БиХ.

Македонската традиционална Таеквон-до Федерација (МТТФ) на овај натпревар настапи со 18 натпреварувачи од клубовите „Хва Ранг Итф“ од Лескоец, Охрид и од ТК „Сонкал“ од струшко Мислешево.

Поради матурите и екскурзиите, нашите најдобри поединци од оправдани причини не учествуваа, па затоа учество зедоа повеќе дебитанти кои не изненадија со одлични резултати, со оглед на нивното искуство, освојувајќи вкупно 23 медали од кои 4 златни, 10 сребрени, 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка Миа Танеска. Нашите помлади натпреварувачи поради добрата мотивираност од страна на Владимир Димитириевиќ (освојувач на медал од последното Европско првенство) и со желба за место во првиот состав на МТТФ, го дадоа својот максимум, но поради неискуство многу финални борби ги загубија. Ова беше големо изненадување од нивна страна, знаејќи дека не се многу искусни, очекувањата за успех беа многу помали, но убаво е чувството кога ќе бидеш пријатно изненаден од нивната пожртвуваност и храброст. Миа Танеска која е во репрезентацијата на МТТФ, докажа дека нејзиното место е заслужено, осовјувајќи златен медал во форми, сребрен медал во борби и пехар за најдобра кадетка на овoј престижен натпревар, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

Резултати по клубови:

ТК „Хва Ранг Итф“ Лескоец, Охрид: 3 златни, 6 сребрени, 8 бронзени и пехар за најдобра кадетка
ТК „Сонкал“ Мислешево, Струга: 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.