HomeАктуелноДенес точно напладне ќе се одржи матурската парада

Денес точно напладне ќе се одржи матурската парада

На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ денес со почеток во 12 часот ќе се одржи традиционалната матурска парада.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од охридските средни училишта ќе го одиграат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. Охридските матуранти истовремено ќе танцуваат со нивните врсници од шеесетина градови од Европа.

Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.