На 24.05.2025 околу 11 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Живко Чинго” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и нејзиниот сопатник Т.М.(41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил Д.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.
