HomeАктуелноГолема трагедија ја потресе Македонија: Едно лице го загуби животот, а шест лица се повредени

Голема трагедија ја потресе Македонија: Едно лице го загуби животот, а шест лица се повредени

СВР Тетово информира дека денеска околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршува екипа од  СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.