HomeАктуелноСилно невреме проследено со град и грмотевици го зафати Охрид

Силно невреме проследено со град и грмотевици го зафати Охрид

Охрид денеска попладне беше погоден од силно невреме проследено со интензивен дожд, грмежи и појава на град. Невремето започна околу 15:30 часот, при што за кратко време бележани се значителни врнежи кои предизвикаа поплавени улици и отежнат сообраќај во неколку делови на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од УХМР, за регионот беше издадено портокалово метео предупредување поради нестабилно време со можност за силни ветрови и град. Граѓаните беа повикани да останат во затворен простор и да избегнуваат движење на отворено, особено покрај дрвја и електрични столбови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.