HomeАктуелноМинистерството за земјоделство апелира на претпазливост поради опасност од пожари на отворен

Министерството за земјоделство апелира на претпазливост поради опасност од пожари на отворен

Особено внимателни, како што посочуваат, треба да бидат земјоделците и сточарите при извршување на своите активности за да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта, што, како што нагласуваат од Министерството, е строго забрането со закон и претставува казниво дело

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до граѓаните на внимателност и посебна претпазливост во претстојниот период поради високите температури и ризикот од пожари на отворен простор.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Особено внимателни, како што посочуваат, треба да бидат земјоделците и сточарите при извршувањето на своите активности за да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта, што, како што нагласуваат од Министерството, е строго забрането со закон и претставува казниво дело.

Од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина, наведуваат од Министерството за земјоделство.

Советуваат да се избегнува палење каков било оган за време на периоди на силен ветер или суво време, како и пронаоѓање побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал. Дополнително, повикуваат во случај на пожар јавноста брзо да алармира на единствениот број за итни случаи 112.

Со цел спречување на пожари на отворено, воведена е забрана за движење во шуми и шумски подрачја во периодот од 1 јули до 31 август.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.