HomeАктуелноДенеска се празнува Свети маченик Лазар

Денеска се празнува Свети маченик Лазар

Еден од српските великани кои владееја со српското царство после цар Душан. Праќаше делегации во Цариград, заедно со монахот Исаија, да моли за симнување на анатемата од српскиот народ. Се бореше против турските сили во неколку наврати. На крајот, се судри на Косово поле во 1389 година, на 15 јуни, со турскиот цар Амурат, каде што беше посечен. Телото му е пренесено и погребано во неговата задужбина Раваница кај Ќуприја, а подоцна е пренесено од таму во Раваница сремска, од каде што, за време на Втората светска војна, е пренесено во Белград и положено во Соборната црква. Ги обнови манастирите Хиландар и Горњак; ја подигна Раваница и Лазарица; беше ктитор на рускиот манастир Пантелејмон, како и на многу други цркви и манастири. Денес неговите мошти се наоѓаат во манастирот Раваница, каде нетлено почива и им пружа утеха и исцеление на сите оние кои му се обраќаат со молитва.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.