HomeАктуелноВо тешка сообраќајна несреќа загина македонски државјанин

Во тешка сообраќајна несреќа загина македонски државјанин

Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од автопатот Нови Сад-Суботица, кај населбата Вишњевац, при што загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и е пренесен во болницата во Суботица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Македонски државјанин рано утрово загина во Србија, на автопатот  Нови Сад-Суботица, кон граничниот премин со Унгарија, Хоргош, а друго лице е тешко повредено.

Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело. Загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.

Полицијата во Суботица соопшти дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.