HomeАктуелноМаж од Охрид телефонски се заканувал на странски амбасадор во земјава

Маж од Охрид телефонски се заканувал на странски амбасадор во земјава

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, попладнево го лишиле од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, соопшти денеска МВР.

Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.