HomeАктуелноПрогласена 30-дневна кризна состојба во Македонија поради пожарите

Прогласена 30-дневна кризна состојба во Македонија поради пожарите

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

Ова на терен значи се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, кажа Митева.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.