На 08.07.2025 во 10.43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 03.00 до 04.00 часот во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, од страна на едно лице било запалено столче, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
