HomeАктуелно11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка

11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на експресниот пат Прилеп – Градско, каде вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира Јавното обвинителство, во несреќата автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете, кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.

Од местото се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.