Јагленот од Пискупштина полека го „затвора“ патот, тони јаглен кои постојано се ископуваат во Пискупштина, претставуваат потенцијална опасност за затворање на патниот правец кој води до ова село.
За редакцијата на powerinfo.mk месното население сведочи дека вистинска мака мачат цело население со концесионерот, изложени се на секојдневни опасности за што имаат поднесено и претставка до министерството кое е задолжено за давање на концесија на рудникот. Собрана е петиција за одземање на концесија на рудникот.
До министерството за енергетика, рударство и минерални суровини испратено е барање за одземање на концесија на рудникот за јаглен во с.Пискупштина, струшко и како што велат мештаните, за нив и нивното село ова претставува навистина ненадоместлива штета.
Со затворање на патот, се затвора патот и до манастирот Св Јован Претеча Бигор, кој не е достапен и истиот е блокиран со појавено свлечиште заради несовесното работење на концесионерот.

Пред некој ден на празникот на манастирот сите моравме да одиме пеш или по други подалечни заобиколени патишта до манастирот, сведочат жителите.

Од фотографиите се гледа дека полека се навлекува јагленот покрај самиот пат и го затвора, дури може да дојде и до свлечиште кое би го забрзало процесот на затрупување на патот.

Фотографиите се направени во правец на патот Пскупштина-Нерези- Безево. Покрај другото во голема мера на ризик доведена е безбедноста на автомобилите кои поминуваат покрај овој патен правец, но и локалното население кое е во непосредна близина, бидејќи доколку дојде до затворање на патот, ова месно население ќе остане отсечено.
Потребно е надлежни екипи да реагираат и навремено да се превземат мерки за санација и заштита на патниот правец.
Е.Р
