HomeАктуелноСилно невреме доаѓа во Македонија!

Силно невреме доаѓа во Македонија!

По денешниот стабилен, суво, сончев и многу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени. Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.

И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.

метео-прогнозата е направена од еден од најпознатите метео-прогнозери Славчо Попоски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.