HomeАктуелноМицкоски: Интензивни градежни активности на автопатот Климештани – Охрид, вклучени над 1.100 работници

Мицкоски: Интензивни градежни активности на автопатот Климештани – Охрид, вклучени над 1.100 работници

Премиерот Христијан Мицкоски преку видео објава на својот фејсбук профил информира дека на потегот од Климештани до Охрид интензивно се работи. Вклучени се околу 1 100 -1 200 работници со над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.

Во овие осум месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените, истакнува премиерот.

Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.