Голем пожар избувна попладнево кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во видео-обраќање до медиумите рече дека е на пат кон Преспа, посочувајќи дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за околните села.
Пожарот што изби кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро зафати поголема површина на трска. Поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото. Но, пожарникарите и локалното население го локализираа пожарот и тој веќе не претставува опасност за селото Перово, вели Ангелов.
Во пожарот се изгорени повеќе овоштарници, кои претставуваа егзистенција за мештаните, а Ангелов рече доколку околу нив бил изоран појас, без тревки, овоштарниците ќе можеле да се спасат.
