HomeАктуелноПред кама и револвер со заклетва во срцето на Бигорски: Комита ја запроси својата комитка

Пред кама и револвер со заклетва во срцето на Бигорски: Комита ја запроси својата комитка

Илинденската коњаница врви по својот пат веќе втор ден, пристигнаа кај Бигорскиот манастир и таму се случи нешто прекрасно и невообичаено.
Меѓу морето од комити во моментот кога се случуваше церемонијата на заклетва се случи и голем романтичен момент.  Еден млад комита ја изненди својата девојка, додека таа се поклонуваше пред преклопените револвер и кама, тој застана, поточно клекна зад неа на едно колено и извади веренички прстен. На овој голем момент во срцето на Бигорскиот манастир  тој побара од неа да му стане жена пред голем број сведоци.
Стефан Ѓурчиновски е среќникот, а Марија Давидовска е идната невеста.
Видео од овој прекрасен момент објавија на фејсбук групата Непокор.мк. На објавата стои:
Во срцето на Бигорски, еден коњаник ја запроси својата сакана комитка – токму на патот кон Крушево, во пресрет на Илинден.Ова не е само љубов – ова е завет, традиција и слободарски дух.Илинденската коњаница носи љубов кон татковината… и љубов кон животот.Нека љубовта ви роди дом полн со смеа, здравје и мали комити што ќе растат со љубов кон Македонија.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.