HomeАктуелноСвечено беше отворена изложбата „Македонија во Светот на Хералдиката“

Свечено беше отворена изложбата „Македонија во Светот на Хералдиката“

Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 2. Август – Денот на Републиката, вчеравачер во Музејско-културниот центар „Лапидариум“, беше отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На свеченото отворање на изложбата во името на Општина Охрид се обрати, Ана Крстеска, заменик градоначалник.

Со голема чест и искрена радост, во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви посакувам добредојде на свеченото отворање на изложбата „Македонија во светот на хералдиката“.Овој значаен настан претставува мост меѓу минатото и современоста и спој меѓу историјата и визуелниот идентитет на нашата земја.Хералдичките грбови не се само украс или формалност, тие се гордост и припадност. Тие се приказни, раскажани преку симболи и се дел од културното богатство на секоја заедница.Хералдиката е јазик на боите и формите, јазик што говори за чест, достоинство и традиција. Во време кога се повеќе е актуелно прашањето за нашиот национален идентитет, оваа изложба доаѓа како потсетник за тоа кои сме и што носиме со себе како народ.Горди сме што овој настан е доказ на континуитетот на македонската државност и културна самобитност, за вредностите што низ вековите се преточиле во симболи и моќни носители на националниот и локалниот идентитет.Чест ни е што Охрид како домаќин е дел од оваа поставка со своите главни симболи, изработени со професионална помош и стручна поддршка токму од Македонското грбословно друштво.Почитувани, Општина Охрид отсекогаш ја имала културата за свој приоритет. Како и до сега, така и во иднина ќе продолжиме да даваме поддршка на вакви проекти кои ја збогатуваат културната понуда на градот и ја зајакнуваат нашата самосвест како држава.Посакувам оваа изложба да биде инспирација за младите генерации, за локалните заедници и за сите нас, да продолжиме да го почитуваме, негуваме и унапредуваме она што не прави Македонци, истакна Крстеска во своето обраќање.

Промотори на изложбата беа академик Љупчо Коцарев и Ставре Џиков, а свои обраќања имаа, претседателот на Македонското грбословно друштво, д-р Јован Јоновски и потпретседателот, Иван Нацевски, кои се автори на истата.

Изложбената поставка брои вкупно 35 панели и е поделена на два дела. Првиот дел се однесува на историските грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, односно грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, грбовите на кралот на Античка Македонија, припишаниот на Александар Трети Македонски и на митскиот предок Македон од Ематија. Во вториот дел на изложбата, акцентот е ставен на современите грбови во Македонија, грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови.

Културниот настан беше збогатен со музички настап на уметниците Билјана Буџакоска, Мила Тренеска и Дарио Тренески.

Сите љубителите на уметноста и историјата кои немаа можност да присуствуваат на свеченото отворање, ќе можат да ја разгледаат изложбата во текот на наредните седум дена во Музејско-културниот центар „Лапидариум“, лоциран веднаш до музејот „Куќа на Робевци“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.