HomeАктуелноОхридската полиција со полни раце работа – физички напади, семејно насилство, пронајдена марихуана, агресивно однесување

Охридската полиција со полни раце работа – физички напади, семејно насилство, пронајдена марихуана, агресивно однесување

Во билтенот  на СВР Охрид за вчерашниот ден доминираат физички напади, но и случај на семејно насилство, пронајдена марихуана, агресивно однесување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

На 31.07.2025 во 21.11 часот, пред продажен објект во охридското село Горно Лакочереј бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Д.(36) од истото село, врз П.Л. од селото Лескоец. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.08.2025 во 00.30 часот, во ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица”, Р.Н.(45) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со оштетување на дел од инвентарот. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2025 во 16.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Б.С. од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2025 во 18.44 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка” во Охрид едно лице физички го нападнало М.Р.(35) од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2025 во 01.40 часот во ОВР Струга е пријавено дека во куќа во струшкото село Вишни, едно лице физички го нападнало И.Б.(37) од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2025 во 22.00 часот на улица „Боро Шаин” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ш.М.(30) од Струга, а на разговор во ОВР Струга биле повикани Х.С.(23) и 17-годишник, двајцата од Струга. При контрола и преземање мерки на улицата, полициските службеници забележале дека Ш.М. под паркиран автомобил фрлил марихуана, која била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава,додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.