HomeАктуелноМуцунски ја поздрави одлуката на Трамп за намалување на царините

Муцунски ја поздрави одлуката на Трамп за намалување на царините

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33 на 15 проценти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што истакна во објавата, „овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење поамбициозно трговско партнерство.

Министерот Муцунски, исто така, посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, „оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина“.

Остануваме целосно посветени на финализирање договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи, порача Муцунски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.