HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 16 до 28 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 20 степени.

И утре ќе се задржи сончево и топло време. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.