HomeАктуелноПронајдено тело на жена избодена до смрт во Вруток

Пронајдено тело на жена избодена до смрт во Вруток

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Јавното обвинителство, станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.​​

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.