HomeАктуелноСоветот на СОНК одлучи: Штрајкот во училиштата продолжува

Советот на СОНК одлучи: Штрајкот во училиштата продолжува

Претстедателот на СОНК, Јаким Неделков соопшти дека штрајкот во училиштата продолжува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој соопшти дека од вкупно 480 синдикални организации, 388 биле „за“ продолжување на штрајкот, а само 83 биле за прекинување на штрајкот и продолжување на наставата. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во основното и во средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата, рече Неделков.

Штрајкот во градинките ќе се стави во мирување и од утре тие ќе почнат редовно да работат поради барањето на големиот број градинки да продолжат со работа во интерес на родителите и децата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.