HomeАктуелноПронајдени еден килограм марихуана кај 51 годишен лице

Пронајдени еден килограм марихуана кај 51 годишен лице

Во Тетово полицијата вчера пронашла еден килограм марихуана кај 51 годишник, по што тој бил приведен. Приведувањето било извршено околу 19 часот и 10 минути на улицата „Благоја Тоска“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Полициски службеници го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и  зипер кеси.Тетовецот  задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осомничениот со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.