HomeАктуелноДојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар

Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар

Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Евакуирани се училишта во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар.

„На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе се осветиме, ќе дојдеме во училиштето. Сè ќе убиеме. Никој нема да остане жив. Цел град ќе крвари“, е пораката што ја пренесува Радио телевизија Црна Гора добиена од евакуираните училишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.