HomeАктуелноМицкоски и Христовски тврдат дека имало незаконско следење, детали не откриваат

Мицкоски и Христовски тврдат дека имало незаконско следење, детали не откриваат

На одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) – 1 септември, премиерот Христијан Мицкоски и директорот на оваа институција, Бојан Христовски, излегоа со тврдења дека во земјава имало незаконско следење, но детали не споделија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На новинарско прашање како ги коментира информациите дека лично тој бил следен и прислушуван, премиерот посочи дека не би можел да зборува за детали, дека тоа е „државна тајна“ и така биле класифицирани и документите.

Но, факт е дека двете агенции, и Агенцијата за разузнавање и АНБ темелно се занимавале со претседателот на, во тоа време, најголемата опозициска партија т.е. со мене, меѓу другото и со новинари, бизнисмени. Така што да оставиме периодот процесот да тече, да видиме што ќе каже обвинителството и судиите во еден судски процес, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека е „навикнат на таков тип на луѓе“ и оти очекува овие, како што ги нарече, „глодари“ да завршат зад решетки и еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на безбедносните агенции за вакви цели.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.