HomeАктуелноЗНАМ: Независноста е трајна задача за сегашноста и иднината

ЗНАМ: Независноста е трајна задача за сегашноста и иднината

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, делегација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, предводена од претседателот на Градската организација Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, претседателот Борис Трајковски и првиот премиер на државата, Никола Кљусев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Официјалната делегација на ЗНАМ присуствуваше и на свечената академија по повод одбележувањето на празникот, која се одржа во Македонската филхармонија.

Присуството на ЗНАМ е потврда дека независноста не е формалност од минатото, туку трајна задача за сегашноста и иднината. Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава, порачаа од партијата.

Од движењето нагласуваат дека одбележувањето на 8 Септември нè потсетува дека иднината на државата се гради преку единство, одговорност и визија – вредности кои ЗНАМ силно ги споделува и за кои се залага.

Остануваме целосно посветени на градење праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска Македонија која ќе им служи на сите граѓани, стои во пораката на ЗНАМ за Наша Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.