HomeАктуелноСлужбените возила, од денеска со нови регистарски таблички во црвено – жолта боја

Службените возила, од денеска со нови регистарски таблички во црвено – жолта боја

Денеска започнавме со официјалната примена на новите службени регистарски таблици. Со оваа мерка конечно ставаме крај на злоупотребата на државните возила за приватни и партиски цели и воспоставуваме поголема транспарентност и дисциплина во институциите.
Пред неполна година ја формиравме работната група и ја започнавме постапката за брендирање на сите возила во сопственост на државата. До 15 септември институциите се должни да ги заменат таблиците, а крајниот рок е 29 септември. Доколку тоа не се направи, при следната регистрација возилата задолжително ќе добијат нови таблици. Со оваа промена ја зајакнуваме довербата на граѓаните и го поставуваме државниот систем на повисоко ниво на отчетност и одговорност. Ова е само почеток на процесот кој ќе обезбеди ред и транспарентно управување со јавните ресурс, изјави Директорот на СЗРО Ивица Томовки.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР денеска присуствуваше на промоцијата на официјалната примена на службени регистарски таблици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како директор на Бирото за јавна безбедност, ја поздравувам оваа мерка и ја сметам за важен чекор во насока на транспарентност, отчетност и професионално управување со јавните ресурси. Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните, ја потврдува одговорноста на институциите и нѐ усогласува со најдобрите европски и меѓународни практики, потенцираше директорот Јанев.

Јанев изрази увереност дека со воведувањето на единствени службени таблици ќе придонесеме за поголем институционален интегритет и поефикасна контрола во користењето на државните возила и конечно ставање крај на злоупотребата на државните возила за приватни и партиски цели.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.