HomeАктуелноДождот нема да го запре чадењето од Дрисла

Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла

Дождот што од утрово врне во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена, оценува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој вели дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода не давало резултати, се пристапило кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата.

Ангелов за денеска напладне најави прес-конференција на која детално ќе информира за сите активности кои се преземаат на депониите Дрисла и Вардариште.

Во централниот дел на депонијата Дрисла се уште гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува во делови од Скопје.

Во меѓувреме продолжуваат активностите за затрупување на Дрисла кои треба да да бидат интензивирани во текот на денов. За денеска се планирани повеќе дополнителни активности и на дивата депонија Вардариште.

Ангелов вчера изјави дека постојат индиции оти се работи за намерно подметнат пожар бидејќи во текот на летото, кога имало високи температури не дошло до самозапалување на депонијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.