HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Двојно убиство и самоубиство ја потресе Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Двојно убиство и самоубиство ја потресе Македонија

Според информациите од МВР, две лица се убиени од невенчан сопруг на една од жртвите, по што лицето се самоубило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.

На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) , кој исто така, имал повреди од остар предмет.

Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.

Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.