HomeАктуелноСо 120 учесници од цела Македонија започнаа Охридските староградски средби

Со 120 учесници од цела Македонија започнаа Охридските староградски средби

Заменик градоначалникот, Ана Крстеска, присуствуваше на отворањето на културната манифестација „Охридски староградски средби“ што вчеравечер се одржа во ЦК „Григор Прличев“. Во своето поздравно обраќање, Крстеска истакна:
 Ценети организатори на Охридските староградски средби, почитувачи на убавата музика и градскиот мелеос, дами и господа.Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид по 37 пат е домаќин на овој значачаен  културен настан. Преку него патуваме низ времето  кога младите охриѓаники и возрасни госпоѓи уживале во серенадите кои под прозорец ги пееле познати музиканти поддржани од нивните сакани. За миг застануваме  пред портите на куќата од Робевци и Уранија, шетаме по тесните сокачиња на Варош и не остануваме рамнодушни пред раскошот на охридските моми  кои буделе восхит кај минувачите на градското корзо.  Чекориме низ времето по холот во  хотел  „Палас„ или низ  некогашните хотели на ПТТ и „Парк“….Охридските Строградски Средби се можеби најпрепознатливиот и највпечатливиот културен белег на нашиот народ, кој низ песната ги изразувал своите радости, тага, мечти и тешкотии.   Вечерва 120 те учесници од  7 културно уметнички друштва од Охрид, Прилеп, Кичево, Скопје, Струга, Штип и Дебрца со својот настап  ќе го  потврдат непресушниот талент на македонскиот народ низ различни културни форми да се самопотврдува и да биде препознатлив на светската културна мапа. Охридските Староградски Средби се можеби  најзначајната алка во културниот гердан на градов зошто преку нив се изразува нашиот талент и уметничко битисување препознатливо и за другите култури и народи. Дозволете ми во името на Општина Охрид да ви посакам пријатна и распеана вечер, а тебе драга публико ти посакувам да понесеш позитивни впечатоци и до в година да бидеш уште побројна- рече Крстеска.
„Охридските староградски средби“ се одржуваат по 37 пат во организација  на ЦК „Григор Прличев“. Годинава настапија  ГМХ „Вокс Лихнидос“- Охрид, „Вокален Октет“ – Прилеп, КУД „Распеани кичевчани“- Кичево, ансамбл „Вања Лазарова“-Скопје, ВИА „Распеани стружани“ – Струга, ЗГ „Градски хор Штип“- Штип и КУД  „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца.

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.