СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка телесна повреда”. На 22.09.2025 година во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков” во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој набрзо, со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.
По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло а по наредба на јавен обвинител, двајцата пријавени беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, додаваат од СВР Охрид.
