HomeАктуелноПецаков: Од блокирана до стабилна општина – Охрид продолжува со реализација на големи проекти

Пецаков: Од блокирана до стабилна општина – Охрид продолжува со реализација на големи проекти

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, во своја објава истакна дека особено е горд што по четири години управување, општината од презадолжена и блокирана стана финансиски стабилна и одблокирана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За четири години се реализираа проекти за кои во изминатите 50 години само се разговарало – новата училишна зграда на ООУ ‘Кочо Рацин’ и спортската сала во село Лескоец, напиша Пецаков.

Тој најави и почеток на реализација на капитални инвестиции, меѓу кои катната гаража кај градскиот пазар во Охрид и пречистителната станица во Трпејца.

„Охрид не запира повеќе! Продолжуваме со работа за уште поубав Охрид!“, порача градоначалникот, нагласувајќи дека приоритет е да се обезбеди развој и модернизација на општината со проекти што носат трајни придобивки за граѓаните.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.