HomeАктуелноПосле 20 години – конечно решение за водоснабдувањето во село Вапила

После 20 години – конечно решение за водоснабдувањето во село Вапила

Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето на жителите од село Вапила. На денешната одржана средба на жителите со градоначалникот  на Општина Охрид Кирил Пецаков, секретарот  на Општина Охрид Александар Китески и директорот на ЈП Водовод Охрид  Маријан Ристески биле договорени привремено, но и трајно решение на проблемот кој чекал повеќе од 20 години.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На состанокот беше дискутирано за дведеценискиот проблем со водоснабдувањето. Беше договорено привремено решение со изградба на нова бушотина, активности кои ќе започнат од утре, со цел привремено обезбедување на вода за жителите, како и трајно решение преку поврзување на селото Вапила со градскиот водовод со што ќе се обезбеди стабилно и долгорочно водоснабдување, информираат жителите преку социјалните мрежи.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.