HomeАктуелноПодобрени лабораториски услуги во Здравствениот дом Вевчани со нов имунолошки апарат“

Подобрени лабораториски услуги во Здравствениот дом Вевчани со нов имунолошки апарат“

Лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е опремена со нов имунолошки апарат од најнова генерација. Како што информираат од Установата апаратот значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат на пациентите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести, посочуваат.

Воведувањето на овој апарат, додаваат, е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.