HomeАктуелноБРАВО! Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им посака среќа и успех на Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо, која ќе настапи на Светското првенство

БРАВО! Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им посака среќа и успех на Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо, која ќе настапи на Светското првенство

Македонската традиционална таеквондо федерација (М.Т.Т.Ф) ќе учествува на Светското првенство во традиционално таеквондо што ќе се одржи во Јесоло, Италија, од 5 април до 12 октомври 2025 година. На ова престижно првенство, свое учество имаат најавено околу 2.500 натпреварувачи од 74 земји од целиот свет. За достојно претставување на Македонија, М.Т.Т.Ф. селектираше тројца претставници – еден тренер/официјално лице и двајца натпреварувачи:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претставници на М.Т.Т.Ф. на Светското првенство:

Марјанчо Лазаревски

– Претседател на М.Т.Т.Ф., национален тренер, црн појас V дан

– Ќе настапи како официјално лице и тренер на репрезентацијата

Божидар Димитриевиќ

– Црн појас II дан

– Ќе се натпреварува во категоријата сениори (18–35 години), борби до -92 кг

Остварувања:

• Сребрен медал – Европски куп, Софија (2024)

• Бронзен медал – Кинг оф Таеквон-до, Солун (2024)

• 5. место – Светско првенство, Пловдив (2019)

• Државен првак во борби и форми

Владимир Димитриевиќ

– Црн појас I дан

– Ќе се натпреварува во категоријата сениори (18–35 години), борби до -78 кг

Остварувања:

• Бронзен медал – Европско првенство, Талин (2025)

• 5. место – Европско првенство, Јесоло (2023)

• Државен првак во борби

И покрај бројните обврски, градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, повторно одвои време да ги испрати претставниците на М.Т.Т.Ф. пред нивното учество на Светското првенство. Како долгогодишен поддржувач и љубител на спортот, Пецаков ја изрази својата поддршка и желба репрезентацијата да се врати со нови успеси, како и на претходните врвни меѓународни натпреварувања.                                                                  „Членовите на репрезентацијата со посетата на градоначалникот добија дополнителна мотивација за достоинствено претставување на боите на нашата држава. Изразија огромна благодарност до градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков и подготвеност да дадат сè од себе, за повторно да можеме да се гордееме со нив,“ – изјави претседателот на М.Т.Т.Ф., Марјанчо Лазаревски.Тој нагласи дека ваквите средби ја истакнуваат важноста од институционалната поддршка за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога се работи за претставување на Македонија на меѓународен план.

Македонската традиционална таеквон-до федерација изразува посебна благодарност до Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Министерството за спорт и Општина Охрид за безрезервната поддршка во развојот и афирмацијата на спортот, искачувајќи се заедно по скалилата на успехот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.